Paдмила Шеќеринска од вчера и официјално ја презеде функцијата заменик-генсек на НАТО

Поранешната вицепремиерка, ексминистерка за одбрана и пратеник од редовите на СДСМ, Радмила Шеќеринска од вчера и официјално ја презеде функцијата земник-генерална секретарка на НАТО.
Ваква информација е објавена на официјалната веб-страница на Алијансата во сегментот „За нас“. Во делот каде што се споменува Шеќеринска пишува:
„Радмила Шеќеринска ја презеде функцијата заменик-генерален секретар на НАТО на 2 декември 2024 година. Како поранешен вицепремиер и министер за одбрана на Македонија, г-ѓа Шеќеринска има огромно искуство како креатор на политики и создавач на консензус. Таа е шампион на родовата рамнотежа и постојан поборник за силни трансатлантски односи.“