08/06/2025

Отповикани седум амбасадори на Македонија

Седум амбасадори се отповикани од функцијата со укази на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, кои се објавени вчера во Службен весник.

Станува збор за повлекување на амбасадорите на Македонија во НАТО, Дане Талески, на Данчо Марковски од Албанија, на Фатон Бејта од Данска, на Сали Лимани од Казахстан и од Катар на амбасадорот Шабан Јашари.

Отповикувани се и амбасадорката Теута Агаи Демјаха, која е шефица на Постојната мисија на Македонија во ОН во Женева и амбасадорката при Светата Столица во Ватикан, Марија Ефремова.

Согласно указите, мандатот на Талески во Постојаната делегација на Република Македонија при НАТО, со седиште во Брисел престанува заклучно со 14 јануари, 2025 година, а на останатите амбасадори заклучно со 30 ноември, годинава.

Указите стапуваат во сила со нивното објавување во Службен весник, а ќе ги изврши министерот за надворешни работи и надворешна трговија.

Споделете