08/06/2025

Украина прогласи висок степен на тревога

Фото: Архива

Украинските власти утрово објавија предупредувања за воздушен напад во поголемиот дел од земјата, откако воздухопловните сили на Киев потврдија за полетување на руски бомбардери.

„Внимание! Ракетна опасност низ цела Украина! Полетувања на МиГ-31К“, се вели во објавата на Телеграм на украинските ВВС.

Ниту еден руски проектил денеска не стигна до Украина, откако украинските воздухопловни сили прогласија тревога поради големиот број бомбардери кои полетале од руска територија првпат по повеќе од два месеца.

Украинската војска очекуваше масовен руски напад, а Украина превентивно ја прекина струјата и ги повика жителите да отидат во засолништата.

– Воздушното предупредување е поврзано со лансирање на крстосувачки ракети од стратешките бомбардери Ту-95МС, објавија на Телеграм украинските воздухопловни сили.

Споделете