08/06/2025

Пронајдено исчезнато дете

Денес (07.11.2024) во 11.50 часот на ул.„Стефан Цветковиќ“ во Скопје, во близина на Народната банка, од извесен граѓанин е пронајдено машко дете на возраст од четири години, кое влечкало тротинет и не зборувало.

Околу 14.30 часот детето било пријавено за исчезнато во Полициската станица Чаир и набргу потоа во Полициската станица Центар е предадено на родителите.

Исто така, денеска, во Бит Пазар од граѓани било пронајдено петгодишно девојче кое било однесено во градинката Фидани од каде била земена од нејзината мајка.

Споделете