08/06/2025

Денеска свечено доделени признанијата на најдобриот пожарникар, полицаец и крводарител на град Скопје за 2022 година.

img_0041.jpg

Радува фактот што годинава станува збор за млади луѓе избрани од својот колектив како најдобри, со што се надеваме ќе се поттикнат нашите сограѓани да ја покажат својата храброст и хуманост.

За најдобар пожарникар во 2022 година истакнат со особено ефикасно и успешно работење е прогласен Иво Цветковски, предложен од Командирот на вод на Бригадата за противпожарна заштита. Цветковски изминатата година учествувал во гаснењето на бројни пожари и учествувал во технички интервенции со придонел за намалување на материјални штети и спасување на човечки животи.

За најдобар полицаец е прогласен Илија Алексовски, вработен во Полициската станица од општа надлежност Центар при СВР Скопје. Алексовски е предложен од Секторот за внатрешни работи Скопје, за особени резултати при реализација на многубројните задачи и активности за потребите на СВР Скопје, како и за значаен придонес во тимот.

Ардит Ќаили е најдобар крводарител на подрачјето на Град Скопје за 2022 година, кој е предложен од Црвениот крст на Град Скопје, како докажан млад волонтер од организацијата во Чаир. Со своите 23 години, како волонтер е истакнат како позитивен пример, за поттик на младите да станат крводарители и волонтери во хуманитарни акции.

Споделете