08/06/2025

Нови израелски напади врз јужните предградија на Бејрут

Израел синоќа изврши најмалку три напади врз јужните предградија на Бејрут, откако ги повика граѓаните да се евакуираат, јави либанската национална новинска агенција Ани.

Ова се случи неколку часа по нападот во кој беше срамнета една зграда во тој дел од градот, кој се смета за упориште на Хезболах.

Ани известува дека два од тие три напади биле во населбата Лајлака, каде што се наоѓа стадионот.

Претходно Израел повика на евакуација на неколку населби во јужното предградие, кои Израел редовно ги гаѓаше од интензивирањето на офанзивата на 23 септември.

Споделете