08/06/2025

Арсовска назначи нов директор на Зоо- Скопје

Иако Зоолошката градина во Скопје ќе биде затворена 21 ден поради птичји грип, градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, назначи нов директор во оваа институција.

Зоран Попов е именуван за в.д. директор во Зоолошката градина Скопје.

Ова за СДК.мк го потврди самиот Попов. Тој ќе го замени Драган Илиевски, кој од денеска е именуван за директор на ЈП „Водовод и канализација“.

Во меѓувреме, за таа позиција конкурираше поранешниот управител Ѓорѓи Галетановски, но како што и самиот рече, не му биле разгледани ниту поднесените документи.

Градоначалничката Данела Арсовска, сигурно ќе остане запаметена по бројот на директори што самата ги именуваше и ги смени во нејзиниот мандат.

Споделете