09/06/2025

Остин пристигна во посета на Киев

Американскиот министер за одбрана Лојд Остин денеска пристигна во украинскиот главен град Киев, пренесуваат странските агенции, истакнувајќи дека тоа е израз на американската поддршка за Украина нешто повеќе од две недели пред претседателските избори во САД на 5 ноември.

Се очекува министерот детално да разговара за американската помош за Киев во одбраната од руските сили кои напредуваат во источна Украина.

Во меѓувреме, Остин објави дека ветениот ракетен одбранбен систем ТААД (THAAD – Terminal High-Altitude Area Defense) на Израел сега е „испорачан на земјата“.

„Подготвени сме многу брзо да го пуштиме во функција и се оди според нашите очекувања“, изјави Остин.

Споделете