Убиен е лидерот на Хамас

Израелската армија и службата за државна безбедност на Израел, Шин Бет објавија дека лидерот на Хамас, Јахја Синвар е убиен.
Во пораката до десетици министри за надворешни работи ширум светот, министерот за надворешни работи Израел Кац потврдува дека лидерот на Хамас, Јахја Синвар е убиен, со што стана првиот израелски официјален претставник што го сторил тоа.
„Масовниот убиец Јахја Синвар, кој е одговорен за масакрот и злосторствата на 7 октомври, е убиен денеска од војници на ИДФ“, вели Кац, соопшти неговиот Кабинет.