Со остар предмет му нанел повреди на колегата- поради недоразбирање

На 08.10.2024 во 20.30 часот во с.Камењане, тетовско, полициски службеници од Полициското одделение Камењане го лишиле од слобода А.Ј.(22) од Камењане, постапувајќи по претходна пријава дека, по претходно недоразбирање, со остар предмет му нанел повреди на Ф.С.(35) од истото село, со кого се познавале и работеле заедно.
А.Ј. е задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.