СДСМ: 100 дена Влада на Мицкоски, нема покачување на минималната плата

Во првите 100 дена од владеењето на Христијан Мицкоски и BMPO-ДПМНЕ власта покажа тотална негрижа во однос на исполувањето на основните потреби на работниците.
И покрај барањето и на работниците и на Синдикатите за приоритетно покачување на минималната плата на 450 евра, Владата не презеде никакви мерки.
Нема покачување на минималната плата со Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.
Владата на Мицкоски не само што не го исполни своето ветување, туку и продолжува да ја игнорира потребата на работниците.
За време на овие 100 дена, не се одржа ниту Социо-економскиот совет. Ова е показател за недостатокот на интерес на актуелната влада за решавање на проблемите на работниците.
СДСМ неколкукратно ја зголемуваше минималната плата преку социјален дијалог. Во времето на BMPO-ДПМНЕ минималната плата беше 9.000 денари а СДСМ ја зголеми на 22.000 денари и оваа година минималната плата требаше да порасне повторно.
Денеска гледаме дека Мицкоски и BMPO-ДПМНЕ ја враќаат политиката на евтина работна сила и понижување на работниците.