08/06/2025

УЕФА жестоко го казни Косово поради испадите на навивачите на мечот со Романија

Фудбалската федерација на Косово заработи парична казна од 61.000 евра од Европската фудбалска федерација.

Причина за оваа казна за инцидентите кои се случија за време на дуелот од Лигата на нациите на кој Романија минатиот месец победи убедливо со 3:0 во Приштина.

Мечот на стадионот „Фадил Вокри“ неколку пати беше прекинуван откако навивачите палеа и на терен фрлаа факли, имаше и такви кои влегоа на теренот, а беше исвиркана и романската химна пред почетокот.

Споделете