Ибрахимовиќ предизвика бес со честитката за Божиќ

Што и да прави Златан Ибрахимовиќ, тоа го прави на тој начин што речиси цела планета збори за неговиот потег.
Ибрахимовиќ, кој беше бесно критикуван затоа што не присуствуваше на погребот на неговиот голем пријател Синиша Михајловиќ, сега објави божиќна честитка која налути многумина.
Фудбалерот на Милан, за разлика од повеќето спортски ѕвезди кои се сликаат покрај елката и во семејна средина, објави фотографија од рингот. Тој е и полугол со ракавици кои укажуваат дека се подготвува за тепачка. Но, тоа не е се. Ибрахимовиќ испрати една реченица, но бомбастична.
„Среќен Божиќ за вас и вашите сопруги! Чао“, напиша Ибрахимовиќ.