08/06/2025

Лина Ѓорчевска се пласираше во четврфиналето на турнирот во Србија

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Куршумлиска Бања, Србија откако буквално ја победи убедливо првата носителка, Пана Удварди од Унгарија.

Удварди е на 135. место на ВТА листата, но Лина Ѓорческа денеска имаше маестрален ден, загуби само три гема од фаворитката и прелесно ја победи.

Првиот сет беше перфектен за Лина, Македонката го доби со 6-0, во вториот беше 6-3.

Ѓорческа во четвртфиналето ќе игра против Далила Јакуповиќ од Словенија која е на 252. место на ВТА листата.

Споделете