08/06/2025

Есенска дератизација во општина Аеродром

Општина Аеродром деновиве го почнува спроведувањето на есенската дератизација за уништување на глодачите на целата нејзината територија, информираат од Општината.

При дератизацијата ќе бидат опфатени 3.000 шахти, со 9.000 мамци, а ќе бидат вклучени сите основни училишта и градинки во општината.

Есенската и пролетната дератизација, велат од Општина Аеродром, претставуваат мерка за заштита на населението од појава и ширење болести што ги пренесуваат глодачите.

Споделете