08/06/2025

Иџе со шампионско дефиле низ скопските улици – Заедно за побезбеден сообраќај!

Македонскиот шампион Игор Стефановски – Иџе со неговото Ферари, придружуван од моторџиите ќе одржат шампионско дефиле возејќи низ улиците на Скопје со едно важно мото – „Улиците не се тркачка патека!”.

Шампионското дефиле ќе се одржи во сабота 28.09.2024 18:00 часот, стартна позиција кај Авиончето во Ново Лисиче.

Придружувани од МВР, ќе испратат силна порака до сите учесници во сообраќајот, а таа гласи:
Брзината и адреналинот припаѓаат на тркачките патеки, а улиците се за безбедно и одговорно возење.

Стефановски повикува сите да му се придружат во оваа акција и да бидат дел од промоцијата на сообраќајната култура и зачувување на човечките животи, гласи неговата објава на социјалната мрежа Фејсбук.

Споделете