08/06/2025

Последните моменти од животот на Бора Џорџевиќ

Јавноста ширум регионот денеска ја потресе веста за смртта на музичарот Борисав Бора Ѓорѓевиќ, фронтменот на култната група „Рибја чорба“.

Рокерот долго време се бореше со хронична опструктивна белодробна болест, поради што беше хоспитализиран во КБЦ Љубљана, каде што почина на 72-годишна возраст.

Бане Обрадовиќ, менаџерот на групата, откри детали за битката на Ѓорѓевиќ со тешката болест, а ги спомна и неговите последни моменти во болничкиот кревет.

– Беше болен, но се надевавме дека ќе се случи чудо. Се бореше како лав, така ни кажаа лекарите. Се што му дадоа во однос на терапијата, изгледа му требаше. 

Споделете