08/06/2025

Захариевски нов тренер на Вардар

Срѓан Захариевски ќе биде новиот тренер на Вардар, потврдија од клубот.

Ова се случува откако вчера беше потврдена разделбата со Горан Петрески, кој го водеше тимот само на два натпревари во кои „црвено-црните“ претрпеа порази од Шкупи и Воска спорт.

Захариевски претходно ги водеше Пелистер, Струга и Воска Спорт.

Вардар на табелата има три бода и се наоѓа на делба на последната позиција со Брера.

Споделете