09/06/2025

Украински напад со дрон предизвика пожар во складиште за гориво во руската Ростовска област

Фото: Архива/Илустрација

По нападoт со украинско беспилотно летало, избувна пожар во складиште за гориво во Ростовската област, но нема повредени, соопшти денеска гувернерот на тој регион, Василиј Голубев.

„Во областа Каменски избувна пожар во складиште за гориво по напад со дрон, но нема жртви“, напиша Голубев на својот канал Телеграм и додаде дека нема опасност пожарот да се прошири на станбените згради.

Гувернерот на Ростовската област претходно објави дека околу 3 часот по московско време биле соборени четири дронови во Ростовската област и осум над областа Вороњеж.

Споделете