Кими Антонели на местото на Луис Хамилтон

Ф1 тимот на Мерцедес веќе ја пронајде замената за актуелниот пилот Луис Хамилтон, а тоа е Кими Антонели, дебитант во Ф2 кој оваа сезона веќе има остварено две победи.
„Следната година ќе се натпреваруваме со Џорџ Расел и Кими Антонели. До оваа одлука дојдовме по долго размислување. Кими е ризик, да. Но, овој ризик вреди“, изјави Тото Волф.