08/06/2025

Xpистијан Мицкоски: Ако немаме правна држава имаме безбедносен проблем, ќе правиме реформи

Довербата во правосудството е катастрофална и катаклизмична, а немањето правна држава преставува безбедносна закана за државата, рече денеска премеирот Мицкоски појаснувајќи зошто останува на ставот за темелни реформи во Судскиот и обвинителскиот совет и нивно распуштање. Но вели дека Владата е подготвена да ги сослуша сите страни и дека консултациите ќе траат најмалку до крајот на месецов, по што ќе се носи одлука какви реформи ќе се прават во судството, откако вечра во Влдата премиерот веќе се сретна и разговараше на темата и со претседателката на Судскиот совет Дамева.

Како доказ дека се потребни итни реформи во судството, Мицкоски ги посочи и неодамнешните признанија на Наќе Георгиев и Иџет Мемети дека сториле кривични дела.

Во насока на реформите во правосудството вчера Мицкоски оствари средба со претседателката на највисокото судко тело Весна Дамева, која пак останува на ставот дека реформите во правосудството треба да се темелат на препораките нотирани во Извештајот на оценската мисија на ЕУ.

Во однос пак на поднесената интерпелација за спикерот Африм Гаши, и последните случаи поврзани со него, премеирот Мицкоски од денешниот настан во Неготино, посочи дека не гледа причина за негова интерпелација, порачувајќи дека начинот на кој Гаши се однесувал во Парламентот и како ги водел седниците е значително поразличен од неговиот претходник.

Прашан за наводите од екс министерот од ДУИ Крешник Бектеши, пак дали Владата дала инструкции за следење на активносите на Европскиот фронт, а во насока на најавите за дестабилизација наесен, Мицкоски упати на одговор од надлежните иснтицуии, порачувајчи дека не сака да коментира изјави на политики маргиналци.

Споделете