09/06/2025

САД разговараат со Киев за целите на украинската операција во рускиот регион Курск

САД продолжуваат да разговараат со официјален Киев за целите на украинската воена операција во руската област Курск, изјави портпаролот на Пентагон, генерал-мајор Пат Рајдер.

„Го слушнавте претседателот Зеленски како рече дека ова создава тампон зона, па ги продолжуваме дискусиите за да дознаеме повеќе за целите на Украина. Нашиот фокус ќе продолжи да биде да и помогнеме на Украина да биде слободна и суверена земја, способна да ја одврати руската агресија во иднина“, рече Рајдер за време на брифинг. Запрашан од новинарите дали САД размислуваат за укинување на ограничувањата за украинските напади на руска територија, Рајдер рече дека американската политика во однос на ударите од голем дострел не е променета.

Тој посочи дека САД секогаш бараат начини да ја забрзаат помошта за Киев, а Контакт групата Рамштајн е одлична платформа за разговори за тие прашања.

Властите во Киев објавија дека украинската армија започнала офанзива на пограничниот регион Курск во Русија за да го запре руското гранатирање на украинските погранични региони.

Споделете