08/06/2025

Килијан Мбапе си ги бара парите од ПСЖ

Францускиот фудбалер Килијан Мбапе соткако потпиша за Реал Мадрид уште има работа со ПСЖ.

Мбапе бара 55 милиони евра од ПСЖ кои францускиот клуб му ги должи. Фудбалерот ги известил Лига 1 и УЕФА за неговиот проблем.

Доколку одбие да му ги исплати парите кои му ги должи, ПСЖ може да се соочи со големи казни.

Лига 1 има моќ да му забрани на ПСЖ да прави трансфери додека не му ги врати парите на Мбапе.

Споделете