Во 124 училишта од 1 септември ќе се учи caмо во една смена

Сто дваесет и четири основни и средни училишта во Охрид, во Кавадарци и во други градови низ државава ги исполнуваат условите за воведувањеедносменска настава. Министерството за обрзование ќе ја искористи можноста во периодот до почетокот на учебната година,да се подготват тие училишта и од први септември учениците наставата да ја следат во една смена. Во меѓувреме се вршат сериозни анализи,во догледно време со доградба на неколку училници да се овозможи едносменска настава во уште 50-тина други училишта.
“Ова ќе биде приоритет и ние развојно во неколку години ќе ги прилагодуваме сите училишта за таа настава која предвидува и промена во самиот начин на учење, подучување, ангажирање на наставниците и поголем престој на учениците во училиштата”- вели Весна Јаневска,министер за образование
Во меѓувремепоради намалениот број на ученици, дел од училиштата посебно во руралните средини ќе се затворат.Според Државниот завод за статистика ланската учебна година се затворени 14 основни училишта.Станува збор за училишта во кои учат по неколку дечиња и кои од централните училишта се оддалечни не повеќеод 5 км.Но колку и кои училишта ќе бидат затворени допрва ќе се одлучува,до 1-ви септември нити едно училиште нема да биде затворено бидејќи треба време да се обноват податоците,вели ресорната министерка.
“Тоа ќе биде во голема корист на учениците но секако ќе има корист и државата. Тие училишта можат да се користат за градинка, за било што што и е потребно на општината. Ги спомнувам градинките оти имаме недостаток на градинки затоа спомнав може и за библиотека ,за некаков младински центар доколку има потреба”-вели Јаневска
Инаку националната комисија за учебници има нов состав, таа ќе биде клучен фактор во одобрување и обезбедивање на квалитетни учебници во основното и средно образование. Јаневска го истакна враќањето на историјата како посебен предмет во македонското образование затоа што историја е национален предмет со искучително значење. Таа потенцираше дека ќе се ревидираат учебниците по сите предмети,во прв ред историја, географија и македонски јазик. Револтот кај родителите е голем, децата велат посебно во лектирите читаат нешто што не доликува на нивната возраст.
-Точно има реакции на родители и на наставници, вели Јаневска,оваа година ги ставивме на јавна расправа наставните планови и програми оти има незадоволство и од квалитетот на учебниците и од содржините. Но тоа е процес кој не може да се направи во 2-3 месеци,сето тоа ќе биде направено во следната година до година и пол.