08/06/2025

Потрага по маскираниот напаѓач кој избоде до смрт дете во Шпанија

Единаесетгодишно момче било избодено од маскиран напаѓач додека играло на фудбалско игралиште во мал шпански град јужно од Мадрид, пренесе државната телевизија РТВЕ, пренесе ДПА.

Напаѓачот ненадејно се појавил на игралиштето во Мосехон и го избодел момчето со остар предмет.

До пристигнувањето на Итната служба, момчето доживеало срцева слабост и не можело да биде реанимирано, соопшти телевизијата.

Почната е голема потрага по непознатиот напаѓач.

Премиерот на шпанската област Кастиља – Ла Манча, Емилијано Гарсија-Паже, изрази шок и сочувство со семејството на момчето и повика на брзо приведување на сторителот.

Споделете