09/06/2025

Блерим Рамадани избегал од определениот куќен притвор

Поранешниот припадник на ОВК, Блерим Рамадани денес избегал од куќен притвор од домот на негови роднини во Македонија.

По жалба на Обвинителството, како што дознава порталот, тројца судии од кривичен совет му одредиле на Рамадани ефективен притвор од 30 дена поради опасност да избега, а потоа некој од таму му дојавил дека ќе се враќа во „Шутка“, па Рамадани го искористил моментот за да избега од Македонија.

Рамадани беше уапсен на 17 јули 2024 на граничниот премин Јажинце, по потерница од Србија поради сомнежи за злосторства во војната на Косово пред 25 години, и однесен на 30 дена екстрадиционен притвор во затворот во Шутка.

Споделете