08/06/2025

Четворица цивили се повредени во нападот со украински дронови врз регионот на Белгород

Четворица цивили се повредени денеска во напад на украинско беспилотно летало врз градот Шебекино во руската област Белгород, соопшти регионалниот гувернер Вјачеслав Гладков.

-Градот Шебекино беше нападнат со беспилотни летала на украинските вооружени сили. Четворица цивили се повредени, меѓу кои и двајца работници за итна помош, напиша тој на својот канал на Телеграм, пренесуваат руските медиуми.

Претходно руското Министерство за одбрана соопшти дека руските системи за противвоздушна одбрана собориле два украински дронови во текот на ноќта и рано утринава.

Споделете