08/06/2025

Познат распоредот за новата сезона во НБА лигата

Новата сезона во НБА лигата да ја отворат им припадна на кошаркарите на Бостон Селтикс и Њујорк Никс и тоа на 22 октомври, а потоа Лос Анџелес Лејкерс ќе се сретне со Минесота Тимбервулфс.

Во првиот натпревар од вечерта, актуелните шампиони ќе ги добијат шампионските прстени.

Редовниот дел од сезоната ќе трае до 13 април, плеј-инот од 15 до 18 април, додека најважниот дел, плеј-офот ќе започне на 19 април.

Исто така, второто издание на новосоздадениот НБА куп ќе се одржи од 12 ноември до 17 декември.

Споделете