08/06/2025

Боксот нема да биде дел од програмата на Олимписките Игри

Боксот нема да биде во програмата на Олимписките Игри во Лос Анџелес во 2028 година.

Секој град-организатор има можност да укине или воведе некој спорт, а организацискиот одбор на Лос Анџелес ги предложи безбол/софтбол, крикет, флег фудбал, лакрос и сквош со тоа што испаѓаат боксот и брејкденсот.

Причина за елиминацијата на боксот е Интернационалната боксерска асоцијација која го загуби кредибилитетот кај ИОК поради обвиненија за корупција и неможност да ги имплементира потребните реформи.

Споделете