08/06/2025

СДСМ: Молк за долгот од 1 милион евра додека Министерството на Сања Божиновска се посочува како можен извор на корупција

Две недели тотален молк од Caња Божиновска и Христијан Мицкоски за долгот од 1 милион евра кон државната МЕПСО на фирмата  „ЕНГ сервис трејд ДОО Скопје“ чиј основач и еден од управителите била токму Сања Божиновска, велат од опозициската партија СДСМ и прашуваат:

„Каде се 1 милион евра, де факто пари на граѓаните?

Зошто се кријат информации за овој огромен долг? И зошто Христијан Мицкоски ја постави токму Сања Божиновска и дури и направи ново министерство?

Токму ова ново министерство со кое управува сега Сања Божиновска се посочува како можен извор на корупција од страна на Институт кој со години ги следи овие области.

Транспарентност а не криење информации од јавноста е она што веднаш требаше да се направи а потоа и одговорност.

Тоа што Сања Божиновска и Христијан Мицкоски кријат за долгот од 1 милион евра отвора сериозни сомнежи.

Според нашите информации фирмата на Сања Божиновска никогаш не ги вратила парите.

А според анкетниот лист, Сања Божиновска поседува недвижнини од речиси еден милион евра, онолку колку што и должи на државата.

Што друго кријат Сања Божиновска и Христијан Мицкоски?“, стои во соопштението на опозициската СДСМ.

Споделете