Kире Михаилов: При гаснење на пожар изгоре единственото возило на пожарната од Пехчево

Во пожарот кој со денови беснее над Пехчево изгоре единственото возило на пожарната од Пехчево. За среќа нема повредени лица.
Заменик-директорот на ЈП „Македонски шуми“, Кире Михаилов, на социјалните мрежи го објави запаленото возилото веднаш откако огнот бил изгаснат.
Вчера кризниот штаб на Пехчево одржа седница на која се донесе одлука пожарот да го гаснат два полициски хеликоптери.