09/06/2025

Том Круз спектаклурано ги затвори Олимписките Игри

Олимписките игри во Париз официјално се затворени. Традиционалната церемонија на затворање се одржа на францускиот национален стадион. На церемонијата беа вклучени повеќе од 100 танчари, циркуски уметници и други изведувачи.

Уметничкиот директор Томас Џоли откри дека церемонијата на затворање била замислена како „комбинација на чудо и дистопија“, а како дел од церемонијата, на стадионот се спуштил Златниот патник кој ги водеше гледачите низ историјата на Олимписките игри, додека акробатите ги обновувале и ги подигна познатите пет прстени на Олимписките игри.

Свеченото затворање го одбележаа настапите на француските бендови, како и претходно подготвените снимки од настапите на американските ѕвезди кои најавија одржување на Олимписките игри во Лос Анџелес во 2028 година.

Светски познатиот француски бенд „Феникс“ направи музички спектакл и со своите хитови ја крена публиката на нозе.

На свеченото затворање настапи и францускиот бенд „Ер“, кој го отвори шоуто со хит песната „Playground Love“.

Холивудската мегаѕвезда Том Круз се спушти со јаже на стадионот во текот на кревањето на американското знаме и интонирањето на американската химна, фрлајќи ја публиката во транс. Потоа го зеде знамето и со мотор се „упати“ во Лос Анџелес пред да скокне од авион и да позира покрај знакот Холивуд во однапред снимена секвенца.

За време на церемонијата на затворањето на Олимписките игри во Париз, олимпиското знаме синоќа беше предадено на следниот град кој ќе биде домаќин на Игрите во 2028 година.

Градоначалничката на Париз, Ан Идалго и градоначалничката на Лос Анџелес, Карен Бас, му се придружија на претседателот на МОК, Томас Бах на сцената за да направат примопредавање знамето.

Летните олимписки игри во 2028 година ќе се одржат во Лос Анџелес од 14 до 30 јули.

Споделете