09/06/2025

Русија им забрани на своите авиокомпании да летаат ноќе над Израел во следната недела

Управата за цивилна авијација во Москва им забрани на руските авиопревозници да летаат на израелското небо во наредните ноќи, јави ДПА.

Ограничувањето ја опфаќа временската зона помеѓу 22:00 и 04:00 часот по Гринич и ќе стапи во сила за првпат вечерва, се вели во синоќешното соопштение на Росавијација.

Тоа ќе биде во сила до 09:00 часот по Гринич на 16 август, додаде управата за цивилно воздухопловство.

Не беше наведена причина, иако тоа очигледно е поврзано со стравувањата од ирански воздушен напад врз Израел, јави ДПА.

Дневните летови на израелското небо остануваат дозволени.

Споделете