МВР: И покрај неработниот ден, лични документи ќе се издаваат и утре

Министерството за внатрешни работи (МВР) информира дека утре, 2. август одделот за граѓански работи односно сите подрачни единици во рамки на одделот, како и пунктовите во објектот на МРТВ и Беко во Скопје ќе работат на издавање на готови лични документи на граѓаните (патни исправи, лични карти и возачки дозволи).
Во Скопје (МРТВ и Беко) управните служби ќе работат во периодот од осум до 16 часот, додека низ државата подрачните управни служби ќе работат во периодот од 8 до 12 часот.