09/06/2025

Македонските одбојкари ја победија Црна Гора во вториот контролен меч

Македонската машка одбојкарска репрезентација ја победи Црна Гора во вториот пријателски натпревар одигран во Колашин.

Откако го загуби првиот сет, Македонија со пресврт успеа да слави 3-1. Црногорците беа подобри во првиот сет и го добија со 25-23.

Тоа само ги налути одбојкарите на Македонија кои вратија во иста мера во вториот, а потоа и во третиот сет. Македонија го доби и последниот сет со 25-22 и така остварија триумф.

Споделете