Тошковски: СВР Скопје успешно расчисти две кривични дела – Убиство и Убиство во обид, случени во јули 2024 година

На 01.07.2024 година, во с.Батинци, со употреба на огнено оружје, од живот е лишено лицето А.Б.И., а со телесни повреди е задобено лицето З.И. Додека се движеле со ПМВ Форд Ренџер, биле пресретнати од ПМВ Мерцедес, од кој излегле две лица и со автоматско оружје – пушки, испукале повеќе проектили кон нивното возило. Лицето А.Б.И. починалo на лице место, додека З.И. е префрлен во Ургентен центар за укажување на лекарска помош.
– На 17.07.2024 година, на ул. Струмичка во Скопје – Чаир, околу 21:50 часот, едно лице со огнено оружје – пиштол, испукало два проектила кон лицето Д.Б., при што истото се здобило со тешки телесни повреди.
Полициските службеници од Единицата за насилен криминал при СВР Скопје, во координација со ОЈО Скопје, презедоа бројни оперативно-тактички и истражни дејствија. Утврдени се идентитетите на сторителите и на ден 26.07.2024 година поднесени се две кривични пријави до ОЈО Скопје:
За настанот од 01.07.2024 година, против лицата С.Н. и М.Џ. за сторено кривично дело “Убиство” и “Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материјали”.
За настанот од 17.07.2024 година, против лицето В.И. за сторено кривично дело “Убиство во обид”.