08/06/2025

Позитивната листа на лекови ќе биде ажурирана

Министерот за здравство Арбен Таравари најави дека кога ќе се изберат нови членови на Управниот одбор на Фондот за здравство, ќе биде ажурирана позитивната листа на лекови на која нов лек се нема најдено 15 години.

Чекаме да се избере новиот Управен одбор. На првата седница на Управниот одбор на Фондот, позитивната листа ќе ја промовираме заедно со директорот на ФЗОМ.Предложените лекови не се спорни, туку се прифатени и нема да има голема финансиска импликација врз буџетот. Со ова, после 15 години ќе биде проширена позитивната листа за првпат, а до крајот на годината се надевам ќе ја прошириме и со нови неколку лекови, изјави министерот Таравари.

Споделете