09/06/2025

Камала Харис нема да биде во Конгресот кога Нетанјаху ќе држи говор

Бојкотот на голем број демократи на говорот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска пред американскиот Конгрес ќе го нагласи длабокото незадоволство кај некои во партијата од тоа како тој ја води војната против Хамас, објави „Њујорк тајмс“.

Се очекува тензиите да бидат толку високи што претседателот на Претставничкиот дом Мајк Џонсон се закани дека ќе биде уапсен секој кој ќе предизвика неред во салата или во галеријата за гости.

Посетата на Нетанјаху ќе го нагласи јазот во Конгресот, особено меѓу демократите, во врска со конфликтот меѓу Израел и Хамас во време кога партијата се обидува да се собере околу Камала Харис, која се појавува како демократски претседателски кандидат, наведува „Њујорк тајмс“.

Потпретседателката Камала Харис нема да присуствува на заедничкото обраќање на премиерот Бенјамин Нетанјаху пред Конгресот што се очекува денеска.

Споделете