Уапсени дилери и запленета голема количина на амфетамин во Катланово вредна околу 40.000 евра

На 25.12.2022 од страна на Единицата за недозволена трговија со дрога, Сектор за недозволена трговија со дрога оружје и опасни материи при Оддел за криминалистичка полиција, во заедничка акција со СВР Скопје – Единица за недозволена трговија со дрога и оружје и со Специјалната антитерористичка единица „Тигар“, со поддршка од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во Катланово лишeни се од слобода три лица, и тоа М.Ш.(48), Е.Т.(30) и А.З.(19), сите од Скопје, бидејќи кај нив бил пронајден ранец со 14 компресирани пакувања со синтетичка дрога амфетамин, со тежина од околу 7 килограми, чија вредност е околу 40.000 евра.