ВМРО-ДПМНЕ: Никола Спасов кој преку Рејтинг од СДСM извади 1 милион евра тендери, и фотоцентрала за струја, сега ќе ги дозакопува во опозиција

Спасов кој преку Рејтинг од СДСM извади 1 милион евра тендери, и фотоцентрала за струја, сега ќе ги дозакопа во опозиција, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Очајниот ПР на СДСM кој го пробива секое дно, кој се претвори во плукање до дехидрирање го води Спасов и неговата агенција Рејтинг, кои изминативе години од власта на СДСM земаа 1 милион евра во тендери.
Спасов си ги доодработува и дозволите за изградба на фотоволтаици, бизнис кој СДСM го делеше меѓу своите најблиски, како Ковачевски, Заеви и други видни функционери.
Не е чудо зошто СДСM не само што продолжува по истиот лош пат, туку и нема срам за се што направи.
Со Спасов и Рејтинг, СДСM може комотно да очекува пад на бројот на пратеници на следните избори, стои во соопштението.