Седумина загинаа во пожар во Ница кој избувна во зграда

Најмалку седум лица загинаа во пожар што ноќеска избувна во станбена зграда во Ница, југоисточна Франција.
Противпожарната служба соопшти дека се уште не е јасно што го предизвикало пожарот кој избувнал на седмиот кат од зграда во квартот Мулнс во работничкиот дел на градот.
И покрај големите напори, за жал, седум лица загинаа во пожарот, соопшти брзата помош.
Три лица итно се префрлени во болница.