08/06/2025

Лина Ѓорческа со само еден загубен гем го мина првото коло на турнирот во Порто

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа со импресивна победа над домашната тенисерка Карла Томаи го почна турнирот во Порто кој се игра за награден фонд од 60.000 долари.

Македонската тенисерка ја победи Португалката Карла Томаи со 6-0 и 6-1 во меч кој траеше само 37 минути.

Лина Ѓорческа ќе има далеку посериозен предизвик, во второто коло противничка ѝ е четвртата носителка, Маја Џоинт од Австралија која е на 161 место на ВТА листата.

Споделете