09/06/2025

Расчистен е случајот со обидот за убиство на градоначалникот на Арачиново

МВР утрово излезе со соопштение дека од СВР Скопје го расчистиле обидот за убиство од 01.04.2024 во с. Арачиново, кога беше пријавено дека кон градоначалникот на општина Арачиново Р.И. и други лица од општината, додека вршеле увид во градежни работи, од страна на НН лице од автоматско оружје биле испукани повеќе истрели, при што со повреди се здобиле Е.С. (39) и А. А.(22).

Веднаш по добиената пријава, од страна на полициски службеници од Единицата за насилен криминал – Одделението за крвни и сексуални деликти при СВР Скопје, во координација со ОЈО Скопје, преземени се бројни оперативно тактички и истражни дејствија, при што е утврден идентитетот на сторителот.

По целосното комплетирање на службените материјали и извршените вештачења, на 16.07.2024 до ОЈО Скопје поднесена е кривична пријава против М.А. (36) за сторено кривично дело “убиство во обид”, предвидено и казниво по чл. 123 во врска со чл.19 од К3.

Споделете