Градоначалникот Стојанов бара помош од граѓаните и фирмите за справување со пожарот

Градоначалникот на општина Неготино, Горан Стојанов, преку својот фејсбук профил се обрати и обата помош до граѓаните и компаниите кои со своите ресутси би можеле да помогнат во справување ос пожарот на планината Серта.
– Кризниот штаб на општина Неготино ги информира и замолува за помош граѓаните и фирмите кои се сопственици на БАГЕРИ, БУЛДУЖЕРИ, и МОТОРНИ ПИЛИ и знаат да управуваат со истите, доколку се во можност да покажат добра волја и да се вклучат во гаснењето на пожарот на планината Серта кај селото Калањево.
Сите заинтересирани кои ќе се упатат кон Калањево ги информираме дека на патот ќе бидат пресретнати од полициска патрола на МВР која е на местото на настанот, чии припадници ќе им дадат насоки во кој правец да се движат и на кои локации е потребен нивен ангажман !!!, напиша градоначалникот.