08/06/2025

Македонец заврши во притвор во Белград: Претепал човек и со стаклено шише му ја расекол главата

Маж од Македонија бил уапсен во Белград поради тешки повреди кои му ги нанел на друг маж (54). Тој,  во тепачка која се случила во населбата Палилула го претепал Б.Д. (54), а потоа со стаклено шише му ја расекол главата.

Како што пренесоа српските медиуми, на осомничениот Д.Т. (36) му е одреден притвор до 48 часа. Истрагата ја презеде Првото основно јавно обвинителство во Белград.

Споделете