08/06/2025

Бујар Османи повторно не се појави на судењето против него, судот судеше во негово отсуство

Поранешниот министер за надворешни работи Бујар Османи денеска повторно не се појави на судско рочиште против него после тужбата за клевета и навреда што ја покрена Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) и претседател на движењето Бил Николов. Сепак судот и во негово отсуство го одржа рочиштето на кое беа дадени завршните зборови на правните застапници, адвокатите и на ММДЧП и на Османи.

Адвокатот на невладината организација Трајче Торов за МКД.мк вели дека Бујар Османи не докажал дека Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) е сомнителна невладина организација.

„Невладина организација која ги штити човековите права на Македонците во Бугарија не може да се стигматизира. И ако за неа кажете дека е сомнителна, тоа е навреда. Ако некој е сомнителен тоа значи дека тој  е помалку вреден, а тоа е омаловажување. Сето ова ѝ прави штета на оваа невладина организација“, вели Торов.

Торов дополнува дека Османи не успеал да докаже дека ММДЧП е невладина организација (НВО) која работи според туѓа агенда, а неговото барање за испитување кој ја финансира оваа НВО ја оцени како хајка од висок политички функционер.

Адвокатот на Османи пак во завршните зборови рекол дека поранешниот министер немал намера да омаловажи никого туку дал политичка оценка за работата на ММДЧП.

Изрекувањето на пресудата е закажана за петок но најверојатно ќе се одложи затоа што, како што дознава МКД.мк правните застапници на Османи нема да се појават пред судот.

Со оглед дека судската ферија започнува во понделник на 15 јули адвокатот Торов очекува пресудата да биде изготвена по завршувањето на колективниот одмор во судството.

На 27 јануари 2023 година Бил Николов и ММДЧП поднесоа тужби за навреда и клевета пред Основниот граѓански суд Скопје, Македонија, против Бујар Османи и против порталот 360 степени. Оттаму сметаат дека Османи во интервју за бугарски медиум изнел „навредливи и клеветнички тврдења за ММДЧП и Николов“. Според ММДЧП и Николов, Османи продолжил со изнесување на „целосно лажни, навредливи и клеветнички изјави и за време на неговата прес конференција на 11 ноември 2022 година

Споделете