08/06/2025

Сашо Клековски и Бранко Аџигогов ги презедоа в.д. директосрките функции во Фондот за здравство

Денеска се изврши примопредавање на должноста директор на Фондот за здравство, информираат оттаму. Досегашните директори м-р. Магдалена Филиповска Грашкоска и д-р. Асаф Абдурамани како в.д директор ја предадоа должноста на новите в.д директори Сашо Клековски и Бранко Аџигогов, назначени од Владата.

Клековски завршил Медицински факултет на Универзитетот “ Св.Кирил и Методиј“ во Скопје и е со 30 годишно искуство како менаџер, аналитичар, консултант во граѓанскиот, јавниот и приватниот сектор.

Аџигогов доаѓа од редот на вработените и има повеќегодишно искуство во делот на менаџментот на Фондот.

Новите директори функцијата ја преземаат од денеска.

Споделете