Гордана Силјановска Давкова ја прими романската амбасадорка

Претседателката Гордана Силјановска Давкова денеска ја прими амбасадорката на Романија, Адела Моника Аксинте.
На средбата се разговараше за севкупните билатерални односи кои се засноваат на пријателство и взаемно почитување, при што заемната соработка се карактеризира со конструктивен и отворен политички дијалог.
Во насока на продлабочување на соработката во различни сфери од заеднички интерес, претседателката Силјановска Давкова истакна дека остануваме посветени на поттикнување на динамична билатерална соработка преку политичкиот дијалог, секторските партнерства, нашата соработка во рамките на НАТО и заедничките напори во регионалните иницијативи.
Во контекст на европските перспективи, претседателката Силјановска Давкова изрази искрена благодарност за континуираната поддршка на Романија на нашиот пат кон ЕУ и за реафирмираната подготвеност за обезбедување на конкретна помош во иднина.