09/06/2025

Пронајдена дрога во Гостивар, приведено едно лице

Денеска (22.12.2022) околу 12.40 часот во Гостивар, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар лишиле од слобода малолетник од с.Требиште, општина Маврово и Ростуше. При претрес во интернатот во Гостивар каде што престојувал, извршен со судска наредба во присуство на педагог, биле пронајдени и одземени марихуана и дробилка.

Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Споделете