08/06/2025

Бојлер паднал врз малолетник и го усмртил

Трагичен настан со смртни последици се случил вчера во Маврови анови, информираат од полицијата. Имено, мајка пријавила дека нејзиниот малолетен син починал како последица откако врз него паднал болјер во куќата.

„На 27.06.2024 во 18.00 часот во Полициско одделение Маврово Д.Ѓ. (55) пријавила дека нејзиниот малолетен син се здобил со повреди и починал откако врз него паднал бојлер во куќата во нас. Маврови Анови.

За настанот бил известен јавен обвинител, а увид на местото извршила екипа од ОВР Гостивар“, стои во соопштението на МВР.

Споделете